(ФОТО) Кејт Мидлтон во тренди летен фустан: Модно парче кое треба да го имате

Добивај вести на Viber


Војвотката Кејт Мидлтон полека се враќа на службените должности. Иако бројот на пациенти со Ковид-19 во Велика Британија сè уште се зголемува, убавата војвотка од Кембриџ одвои време да ги прими членовите на Цивилната заштита во летната куќа во Сандрингам и лично им се заблагодари за нивниот придонес заради пандемијата на коронавирус, а фустанот што го избра за таа прилика, треба секоја жена да го има во својот плакар.

Неколку фотографии од состанокот што се одржа во дворот на имотот беа објавени во јавноста, а многумина забележаа дека војвотката од Кембриџ е во добро расположение. Месеците на изолација во кои таа имаше можност да се одмори од должноста и да се посвети на семејството, секако е една од причините за тоа.


По неколку месеци појавување само преку видео повик, многумина едвај чекаа да видат што ќе носи нивната омилена кралска дама за време на официјалните настани. Убавата војвотка за оваа прилика избра многу едноставен и соодветен А-линија фустан со кратки ракави, во бела боја со сини мотиви.


Фустанот совршено и се вклопува во амбиентот. Фустан кошулите се омилен избор на многу жени ширум светот, пред се затоа што тие стојат добро скоро на секоја фигура. Целта на секоја жена е да има фустан во кој се чувствува привлечно, што ќе ги скрие сите недостатоци, и ќе ги потенцира адутите со кои се гордее, а токму тоа го постигнува овој модел.

Војвотката го комплетираше стајлингот со златни обетки и нараквица.

Како ви се допаѓа изгледот на Кејт Мидлтон?


Фото: Profimedia

(ФОТО) Совршено летно издание на Кејт Мидлтон: Во креација со која докажа зошто е модна икона на стилот