(ФОТО) Ким Кардашијан со прва фотка од најмалата ќерка родена од сурогат мајка

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена, Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест прославија два месеца по раѓањето на нивното трето дете - ќерката Чикаго која познатиот пар ја доби со помош на сурогат мајка.

Во текот на ова време, бебето се појавуваше во видео на Кали Џенер кое е посветено на раѓањето на нејзиното прво дете и во разни инстаграм приказни, но секој пат лицето на бебето беше скриено со филтери и анимирани маски.

Ким сега сподели фотографија од ќерката, на која бебето гледа директно во камера.

„Добро утро, убавице“ - пишува Ким под фотографијата.

Ким и Кание имаат три деца-петгодишната Норт, двегодишниот Сеинт и Чикаго.