(ФОТО) Ќе го преживеам и ова: Дејан Миличевиќ заврши во болница

Добивај вести на Viber

Познатиот режисер на музички спотови и моден фотограф Дејан Миличевиќ заврши во болница. Миличевиќ денеска и самиот се огласи на својот профил на „Инстаграм“.

- Фала му на Бога, добро сум. Ќе го преживеам и ова и ќе бидам уште посилен. Вчерашниот ден беше кобен за многумина. Му благодарам на тимот на одделението за мозочни удари за брзата интервенција, деталната анализа и преданоста. Им благодарам на лекарите, моите сестри и на брат ми кои престојот овде ми го направија прекрасен - напиша тој.


Под објавената фотографија доби бројни коментари од фановите. Желби за побрзо опоравување му упатија и поп-ѕвездите Тамара Тодевска и Каролина Гочева.