(ФОТО) ЌЕ И БИДАТ ПРВИ РОДНИНИ НА МЕГАН МАРКЛ: Членови на Кралското семејство за кои никој не зборува, а би требало!

Добивај вести на Viber

Британското кралско семејство ги вклучува блиските роднини на монархот на Обединетото Кралство. Сегашното кралско семејство е од династијата Виндзор.

Животот на кралското семејство постојано е предмет на медиумски интерес, но за некои од неговите членови се зборува помалку и изгледа дека остануваат во сенка на нивните познати роднини.

Принцезата Ана (Ана Елизабет Алис Луис Виндзор)


Принцеза Ана или Ана Елизабета Алис Луис (англиски: Anne Elizabeth Alice Louise) е единствената ќерка на британската кралица Елизабета II и принцот Филип. Таа се мажела два пати и тоа со Марк Филипс, од кој брак има две деца: Питер Филипси Зара Филипс, а вториот брак со Тимоти Лоренс.

Ана е родена на 15 август 1950 година. Во времето кога се родила била трета, а подоцна станала втора линија за наследство на тронот. Таа е позната по своите добротворителни цели, покровител на повеќе од 200 организации. Осве ова, таа е позната и по својот талент за јавање, освојувајќи два сребрени и еден златен медал. Таа е единствениот член на британското кралско семејство која требало да се натпреварува на Олимписките игри.

Принцот Ендру, војводата од Јорк (роден на 19 февруари 1960)


Принцот Ендру, војводата од Јорк, е вториот син и трето дете на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Во 1986 година тој се омажил за Сара, војвотката на Њујорк (Сара Маргарет Фергусон), и тој брак траеше до 1996 година. Од бракот принцот има две деца, принцезата Беатрис и принцезата Јуџин. Со текот на годините неговото име често се појавува во жолтите медиуми поради неговите љубовни врски со разни модели и актерки. Во 2016 година, тој исто така имаше кратка врска со актерката Деми Мур.

Принцот Едвард, грофот на Весекс (роден на 10 март 1964 година)


Принцот Едвард е трет син и четврто дете на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Во 1999 година се омажи за Софија, грофицата на Весекс (Софија Елен Рис-Џонс). Од тој брак принцот има две деца принцезата Луис и принцот Џејмс.

Џејмс Мидлтон


Џејмс Мидлтон е помалиот брат на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ. Медиумите го опишуваат како шармантен, позитивен и амбициозен. Во 2014-та тој ја основал фирмата Boomf која нуди бонбони од бели рози, или т.н. маршмалоус кои можете да ги декорирате со вашата Instagram слика.

Покрај работата за Boomf, тој има и некои други хобија: одгледува пчели, поправа стари трактори и Lend Rover-и, одгледува кучиња ... и го поминува времето со малиот внук и внука: Идниот престолонаследник принцот Џорџ и принцезата Шаролот.

"Сакам да бидам најдобар чичко", вели тој во едно интервју. "Кул чичко, Смешен чичко ..."

Принцезата Јуџин


Принцезата на Њујорк Јуџин, ќерка на принцот Ендру и Војвотката Сара, е олицетворение на убавата, но модерна принцеза.

Таа е прва братучетка на принцовите Хари и Вилијам. Принцезата работи како режисер во галеријата за современи уметности на Хаузер и Вирт. Уметноста е толку вкоренета во животот на принцезата како идеали и традиции на монархијата

Принцезата Беатрис


Таа е поголемата ќерка на принцот Ендру и Војвотката Сара. Дипломирала во Лондон со диплома по историја и сега е ангажирана во добротворна работа. Таа е позната по нејзиниот ексцентричен избор на капи со кои што се појавува на официјални настани.