(ФОТО) Ќерката на Принц и Розе Трајчевска издаде стихозбирка
Музичарот Александар Ристовски Принц на својот профил на Фејсбук сподели фотографии од промоцијата на првенецот стихозбирка „Наштимана тишина“ од неговата ќерка Стефанија, која се одржа во четвртокот во МКЦ.
- Со гордост, но и со страв дека ќе делувам ко психо амбициозен татко кој ги бута децата, а всушност само се обидувам да ја следам нивната космичка моќ.. Ве поканувам на промоцијатана првенецот стихозбирка „Наштимана тишинна“ од Стефи. Сите, а особено тие кои лично ја познаваат, сте добредојдени- напиша Принц пред промоцијата.
Под фотографиите следеа многу честитки и коментари.
Принц од бракот со познатата модна дизајнерка, сопругата Розе Трајчевска го има и помалиот син Јаков кој свири тапани.
Музичарот често објавува фотографии со своите деца и е посебно горд на нивните музички таленти. Покрај поезијата, ќерката е и музикална на татко си. Имено Стефанија свири гитара и пијано.
Фото: Фејсбук профил на Александар Ристовски