(Фото) Кој е на листата, а кој не: Еве се „деверушите“ на Меган Маркл

Штом беше објавен датумот на свадбата на годината, шпекулациите за тоа кој ќе биде дел од невестинската забава беа центар на вниманието. Прилично успешната актерка, Меган има некои пријатели од висок профил.

Но додека сите очекуваа овие познати дами да се најдат на листата на деверуши на идната принцеза, тоа не е така:

1.Серена Вилијамс (врвен тенисер)

Меган и Серена се запознале на спортски настан во 2014-та година, па оделе заедно на хуманитарни забави и останале супер другарки.

2. Пријанка Чопра (актерка)

Мегнан и Пријанка се запознале на годишна вечера од шоуто на Елен ди Џенерс, па сфатиле колку си одговараат една со друга.

3.Други имиња кои според озборувањата требаа да се најдат во главна улога беа модната дизајнерка Миша Неноу, бизнисменката Оливија Палермо и актерката Сара Раферти. 

Но, сега кога се објави вистинската листа од невестинската забава, изгледа дека сите грешеле.

Меган, дефинитивно, одлучи да ја задржи невестинската забава со избор на луѓето од нејзините блиски кругови како нејзини деверуши. Тие се сите внуки на парот. Ќе има пет деверуши кои ќе и помагаат на невестата оваа сабота - две од нив се внуки на Хари и две на Меган. Петтата е ќерка на другарката на Меган, Џесика Мулрони.

Внуките на Хари, Florence van Cutsem и Zalie Warren, кои се на возраст од три и две години, заедно со внуките на Меган-Remi Litt и Rylan Litt кои се на возраст од шест и седум години. 

Ivy Mulroney, 4, е ќерка на Џесика Мулрони и Бенедикт Мулрони. Меган е многу блиска пријателка со Џесика, и двете се познаваат уште пред Меган да стане позната.


Заедно со овие пет деверуши, и ќерката на Кејт и Вилијам- Принцезата Шарлот исто така ќе биде на листата. Постојат и три дополнителни момчиња - Master Jasper Dyer (6 години), Brian Mulroney и John Mulroney, (7 години).