(Фото) Која е скриената порака зад јакната на Меланија Трамп?
Првата дама на САД, Меланија Трамп, го привлече вниманието на медиумите со својот стајлинг, со кој испрати двосмислена порака.
За време на нејзината посета на центарот во Тексас каде што се сместени децата на мигрантите, Меланија Трамп се појави во јакна, чиј натпис предизвика огромна галама на социјалните мрежи и во медиумите. Имено, на задната страна на јакната стоеше: „Мене воопшто не ми е гајле, а вам?"
Натписот предизвика бурна реакција, а портпаролот на Меланија Трамп изјави дека нема „скриена порака" во изборот на облеката на првата дама.
Доналд Трамп, тврди дека пораката на јакната на неговата сопруга се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести.
„ Натписот „Мене воопшто не ми е гајле, а вам?" на јакна што ја носи Меланија се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести. Меланија сфати колку се неправедни и повеќе не се грижи за нив ", напиша Трамп на Твитер.
Меланија Трамп беше фотографирана во оваа јакна кога влегуваше во авионот и во автомобилот. Меѓутоа, не ја носела јакната кога пристигнала во Тексас, но ја имала кога се вратила во Вашингтон.
Во оваа прилика таа го посети засолништето за деца во Мекален, еден ден откако нејзиниот сопруг потпиша извршна наредба, за семејствата на имигранти кои нелегално преминале преку јужната граница на САД, им се овозможува да останат заедно, додека се чека на исходот од постапката за имиграција.
Првата дама побара децата да се спојат со своите семејства „што е можно поскоро".
Инаку оваа јакна е од брендот Зара и чини само 39 долари.