(ФОТО) Костим за капење како Џенифер Лопез за помалку од 1000 денари

Добивај вести на Viber

Иако неодамна го прослави својот 50-ти роденден, ретко кој би помислил дека згодната латино-американка влезе во шестата деценија од својот живот.

Таа секојдневно објавува атрактивни фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а коментарите на нејзините фанови не изостануваат.

- И јас би сакала да изгледам вака на 50 години- се едни од желбите на нејзините следбенички, кои се восхитуваат на нејзината убавина.

Џенифер Лопез важи за тренд сетерка, па она што ќе го облече ретко, а да не стане хит меѓу жените.

Овојпат станува збор за еднобојно бикини, кое Џеј-Ло го има во две бои, зелена и светлосина. Станува збор за модел со тврдо појачани корпи и декоративни карнери.

Токму таков може да најдете на попуст во продавниците на Bonatti. Гламурозен материјал со фин отсјај во корална, црна и црвена боја.