(ФОТО) КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ДОБИ ПРИНОВА: Се породи Кејт Мидлтон!
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон се породи денес и на свет го донесе третото дете - момче!
Кралскиот пар од Кенсингтон платата утрово дошол до приватниот дел на болницата Сент Мери, каде Кејт веќе ги роди двете деца принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (2).
Her Royal Highness The Duchess of Cambridge was safely delivered of a son at 1101hrs.
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) April 23, 2018
The baby weighs 8lbs 7oz.
The Duke of Cambridge was present for the birth.
Her Royal Highness and her child are both doing well.
Во 11:01ч пристигна вториот син, и третото дете на принцот Вилијам и Кејт, тежок 3,8 килограми.
Како што стои во официјалната објава на Твитер, војвотката и момчето се чувствуваат добро, а на породувањето присуствувал и гордиот татко, војводата од Кембриџ, односно принцот Вилијам.
Третата бременост Кејт Мидлтон се трудеше што подалеку да ја држи од очите на јавноста, но поради здравствените проблеми, тешки утрински мачмнини, среќна е што сепак веста морала да ја сподели со сите. 34-годишната војвотка од Кембриџ, целата бременост ја помина активно, следејќи го сопругот, на многубројни официјални патувања.