(ФОТО) Лора Турунџиева го покажа синот Јаков

Најубавиот поклон од Бога, станавме мама и тато на нашиот син!, напиша Лора Турунџиева на социјалните мрежи по породувањето на 7-ми март. Ќерката на познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева од бракот со Александар Маленко веќе ја напушти болницата и сподели фотографија со синот Јаков и сопругот Филип Наунов.

„Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно“, ни изјави Сузана. Таа вели дека внукот многу личи на својот татко, Филип Наунов, кој бил со Лора за време на породувањето.

Лора и Филип се венчаа летово во Скопје. Турунџиева, која пред четири ипол години го загуби сопругот Маријан, рече дека со раѓањето на внукот доаѓа нов, поубав период за целото семејство.