(Фото) Маја Иванова и Првата дама на Бугарија усогласени во сина боја!
Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и неговата сопруга Десислава го поздравија македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во посета на Бугарија. Тој е придружуван од неговата сопруга Маја.
Претседателите и нивните жени ја избрале сината боја како акцент во своите стајлинзи. Десислава Радева се облече во типични летни нијанси, а Маја Иванова се појави во фустан со потемна сина боја.
Претседателите на Бугарија и Македонија беа со сини врски, кои беа целосно во согласност со тоалетите на нивните сопруги.
Додека мажите дискутираат за важни теми, двете први дами се занесоа во својата програма. Десислава Радева ќе ја однесе Маја Иванова во куќата на „Никола Вапцаров“, бидејќи е фан на поезијата. Радева на својата гостинка ќе и го претстави античкото издание со бугарска поезија на македонски јазик. Двете ќе ја посетат „Уметничката галерија“ и „Етнографскиот музеј“, исто така, ќе ја посетат литургијата во катедралата „Свети Александар Невски“.