(ФОТО) Маја Панчева на одмор со ќерките

Добивај вести на Viber

Најголемата гордост на пејачката Маја Гроздановска-Панчева се ќерките Надица и Марија. Маја на својот Фејсбук профил објави фотографија од летниот одмор со нив. 

Надица има 19 години и студира Германски јазик на Филолошкиот факултет, а Марија има 14. „Летното сонце носи забава со семејството“, напиша Маја под фотографијата. На неа е видливо дека ќерките се поделени. Помалата Марија, многу наликува на татко ѝ, фудбалската легенда Дарко Панчев, а Надица е копија на мајка си.

За ќерките, Маја вели дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц. „ Надица отсекогаш покажувала талент за јазици, а Марија има талент за повеќе работи, и допрва ќе одлучи за што ќе се определи“, ни изјави пејачката која работи во хорот на МОБ.