(Фото) Меган Маркл ова лето носи кошула-фустан!

Добивај вести на Viber

„Royal Ascot“ е важна британска коњска трка која беше отворена вчера, а војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа во друштво на кралицата Елизабета и другите членови на кралското семејство.

Меган Маркл, кој веќе стана кралска икона на стил, уште еднаш го избра Живанши, исто како на свадбата и средба со кралицата во музејот „Катајлст“. Таа носеше бела кошула фустан, собрана во половината која нежно се шири надолу, со мал црн каиш во средината.

Искомбинирана со прекрасна црнобела шапка на познатиот лондонски шапкар Филип Трејси, мала црна чанта и соодветни чевли, како и прекрасни обетки од Birks Pétale со жолто злато и дијаманти, Меган блесна во полн сјај.