(ФОТО) МЕГАН МАРКЛ ВО ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕТО: Елегантна комбинација за роденденот на Кралицата Елизабета
Кралицата Елизабета Втора со гламурозна прослава го обележа роденденот на кој присуствувале многу ѕвезди како Том Џонс и Кајли Миног. Од членовите на кралското семејство први стигнаа идните сопружници принцот Хари и Меган Маркл. Настанот беше организиран во Кралскиот Алберт Хол, а сѐ следел британскиот јавен сервис БиБиСи.
Меган во оваа прилика заблеска во тегет фустан со потпис на Стела Мекартни и салонки во иста боја, а во одело со иста боја беше и нејзиниот свршеник.
Меѓу гостите беше и принцот Вилијам, кој овој пат бил сам, бидејќи Кејт Мидлтон веќе неколку дена е во породувалиште.
На родендот на најдолговечниот британски монарх се појавија и сите останати членови на кралското семејство, а краток говор одржаа нејзиниот син Чарлс и принцот Хари.