(ФОТО) Меган Маркл во пролетен модел на фустан кој веднаш би го облекле
На состанокот кој го одржува британската влада, под името "Commonwealth Heads" принцот Хари и неговата идна сопруга се појавија како учесници и едни од главните говорници.
Со овој чин кралицата Елизабета укажа голема доверба и почит кон идната принцеза со оглед на фактот дека состанокот на "Commonwealth Heads" е фондација на чие чело принцот Хари е поставен минатата недела, и на него можат да присуствуваат исклучиво членови на кралското семејство, покрај регуларните учесници секако.
За оваа свечена прилика Меган избрала прекрасен и фантастично скроен бел фустан со бретели, на широки пруги. Пролетен модел во кој со задоволство би инвестирале.
Моделот се истакнува со класична форма, но секако онаа која ја следи силуетата на телото, детали во вид на ремен, црни копчиња и џебови. Во прашање е фустан на брендот Алтузара од годинашната Ресорт колекција, а во слободна продажба може да се најде по цена од 1450 фунти.
Со овој софистициран, но пред се модел кој остава деловен впечаток, убавата Меган комбинирала црн блејзер со златни копчиња, високи потпетици во црна боја со ременчиња и фантастична чанта во црно-бел принт од австралискиот бренд Oroton.