(ФОТО) Меланија без Доналд Трамп на испраќањето на старата Барбара Буш: Елегантно позирање на првата дама
Дури четворица некогашни претседатели, претсуствуваа на погребот на Барбара Буш, поранешната прва дама на САД која почина во вторникот на 17 април во старост од 92 години.
На црковниот обред одржан во црквата на свети Мартин во Хјустон, присуствуваа двајца поранешни демократски претседателски парови Барак и Мишел Обама и Бил и Хилари Клинтон.
Како што објавија претходно од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп не дошол на погребот во знак на почит кон семејството Буш, сакајќи да ги поштеди од можни недоразбирања и скандали кои би предизвикале дополнителни мерки на безбедност.
Медиумите пишуваат за разговорите на првата дама на САД со поранешниот претседател Барак Обама.
Меланија се појави во елегантно издание: црн фустан со интресни ракави и големи копчиња, а целиот стајлинг до дополнила со мини чанта и црни салонки.