Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Меланија Трамп во моторџиски стил кој ќе посакате да го ископирате
Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера беше во Флорида, да ги посети и да им помогне на жртвите на ураганот Мајкл, заедно со нејзиниот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп.
Меланија изгледаше лежерно со капче на кое пишува „USA“, парче кое е едно од омилените на нејзиниот сопруг.
Капчето го искомбинира со сиви тесни моторџиски фармерки и бела ленена кошула.
На нозете носеше одлични црни моторџиски чизми кои совршено одговараа на нејзиниот аутфит.
Иако денски, Меланија имаше доста шминка, но имаше и стилски очила за сонце.