Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Меланија Трамп во „must have“ капут
Првата дама на САД, Меланија Трамп е секогаш безгрешна во својот моден избор за јавните појавувања.
Овојпат ја имаме во капут кој воедно е и фустан. Станува збор за Gingham Wool-jacquard Coat од американскиот моден дизајнер Мајкл Корс, кој одлично стои на фигурата на сопругата на Доналд Трамп.
Црнобелиот дезен и црната блуза под капутот изгледа едноставно, но модерно. Всушност ваквите капути се „must have“ оваа сезона.
Меланија повторно ја носи својата претпознатлива фризура и шминка.