(ФОТО) Меланија Трамп во розов капут за кој многу жени може само да сонуваат
Првата дама на Америка воодушеви во најубавиот розов капут што сме го виделе досега
Меланија Трамп неодамна им се врати на службените задачи, а на задоволство на многу дами од целиот свет кои го копираат нејзиниот стил на облекување, повторно имаме можност да видиме едно нејзино одлично модно издание!
Првата дама заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп во Белата куќа ја пречекаа претседателската двојка од Колумбија, а за таа прилика Меланија избра убав розов капут за кој просечните жени може само да сонуваат.
Впечатливиот капут инспириран од принцезата Дијана, со име „Princess of Wales“, е потпишан од страна на луксузната модната куќа „Fendi“ и го одликува дезенот пепито, како и крзното околу рачните зглобови, а цената му изнесува повеќе од 3.500 долари.
Од детали, го имаме единствениот појас, со кој Меланија избра да носи високи потпетици во крем боја.
Кога станува збор за модата, воодушеви и Првата дама на Колумбија, Марија Џулијана Руиз Сандовал, која пристигна во Америка во црно-бел фустан со долги ракави и предимензионален блејзер во небесно сина боја, со кои искомбинира црни шпиц сандали и интересна бела чантичка.