(ФОТО) МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО ФУСТАН НА СЕЗОНАТА: Крши правила, тера по свое и блеска пред сите!
Официјалниот состанок на американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе во летната резиденција на американскиот претседател Мар-а-Лаго на Флорида остана во сенка на уште еден моден погодок на Меланија Трамп.
Витката Словенка заблеска во ретро црно-бел фустан на пруги со крој кој во прв план ги ставил нејзините раменици.
Миди фустанот на Меланија и стои совршено, а трендот кој се носи оваа сезона -дезен во пруги-неодоливо потсетува на иконите на стилот во 60-тите години. Иако овој тренд не е вообичаен избор за официјални посети, на Меланија и појде од рака со симпатичната и младолика комбинација да успее да ги истурка досадните и деловни модни форми.
За оваа прекрасна креација е заслужна познатата Каролина Херера, дизајнерка со венецуелски корени, а за неа морате да платите вртоглави 3000 долари.
Првата дама носела бели салонки кои некогаш ги бираа невестите за венчавки, а сега жените со задоволство ги комбинираат со секојдневни модни комбинации.