(ФОТО) Миа во прегратка кај Тијана: Љубов, никогаш никој да не ви каже кого да сакате
Познатата ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова, по повод вчерашниот празник, на социјалните мрежи сподели фотографија со девојката која постојано ја гледаме во нејзино друштво, младата Тијана Скулиќ.
За Тијана, Миа веќе има изјавено дека ја кренала од мртвите и ѝ дала друг поглед на животот.
Овојпат таа во нејзина прегратка пишува:
„Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден.
По сите случувања периодов, имам желба да се извинам за импулсивноста и начинот на кој го правам тоа со надеж дека ќе се променам и со надеж дека многу работи ќе се променат за да немам прилика да си ја тестирам импулсивноста.
Ви благодарам за сѐ !!!
Живели и да се сакаме, од денес и во иднина, тоа не значи дека ќе дискутираме за розеви теми туку дека ќе ги зборуваме многу поинаку.
Што и да славите, нека е живели. “
*(ФОТО) Нема да верувате дека има 59 години: Како изгледа мајката на Миа Костова?
*(ФОТО) Сосема сме поинакви, но таа ми е вистинска сестра: Миа Костова за 13 години помалата Ена