(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА АСМА АЛ АСАД: „Првата дама на пеколот“ или „Пустинска ружа“ и нејзиниот стил

Добивај вести на Viber

Палата, скапа облека и излегувања се само дел од профилот на Инстраграм на првата дама на Сирија па така нејзиниот профил остава впечаток како ништо необично да не се случува во оваа земја.


Вака изгледа животот на семејството Асад во земјата во која веќе последните седум години владее граѓанска војна. Брачниот пар и нивните три деца и понатаму живеат богато како и пред почетокот на војната, ако може да се суди по социјалните мрежи.


Сопругата на Асад, која ги носи прекарите „Пустинска ружа“ и „Прва дама на пеколот“ е родена во Британија, а на Инстаграм има 230 000 следбеници. Судејќи по фотографиите не би се рекло дека живее во Сирија.


Кога Асма Акрас се омажила за Башар ал Асад во 2000 година светот ја обожавал. На Сирија и дала ново светло, а народот ја нарекол принцезата Дијана од Истокот.

Меѓутоа мислењето почнало да се менува во 2012 година кога во Викиликс документите се објавени мејлови кои покажуваат дека дала 350 000 долари за 130 нови парчиња мебел во момент кога наголемо течела крвава цивилна војна во нејзината земја.


Во мејловите е откриено дека пазарела пар чевли со кристални штикли во вредност од 7000 долари, како и дека барала пратката да се испрати во Дубаи за да ги избегне санкциите.


Сопругата на Асад е родена во 1975 година во Лондон, од родители сунитски муслимани, со потекло од Хомс.


Завршила на Квинс колеџот како дипломиран инженер по сметководство и француска книжевност, Асма и се придружила на банкарската индустрија и работела во Дојче банка како аналитичар за хеџ фондови.


За Асад се омажила на „тајна“ венчавка во 2000 година кога тој имал 35, а таа 25 години. Заедно имаат три деца.


Што се однесува до модните комбинации очигледно е дама која се грижи за својот изглед и се носи по последна мода судејќи според фотографиите достапни на социјалните мрежи.