(ФОТО) Млада баба: Турунџиева како тинејџерка на прошетка со внукот

Сузана Турунџиева е горда баба на својот внук Јаков, кој наполни четири месеци. Облечена во ултри куси тексас пантолони, Турунџиева на својот Инстаграм профил објави фотографија од прошетката со внукот. 

Кусите тексас пантолони се едно од омилените парчиња сезонава на водителката и писателка, таа често ги носи во комбинација со летните чизми и одлично ѝ стојат. 

Јаков е син на нејзината постара ќерка Лора и зетот Филип.  

„ Тој е мојата музика, мојот Универзум, мојот мир. Тој е Светлоносец. Фала ти животе“, рече водителката и писателка за внукот минатиот месец. Таа сподели фотографија и од нејзиниот зет Филип Наунов, како му свири гитара на својот син. Турунџиева често објавува и фотографии од својата помала ќерка Матеа, која стана тетка на девет години.