(ФОТО) МОДЕН ДУЕЛ: Бриџит Макрон поубава од Меланија Трамп?

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД и првата дама на Франција важат за едни од најдобро облечените жени во светот, па затоа нивните средби се чекаат со нетрпение.

Викендов Меланија Трамп и Бриџит Макрон се сретнаа и прошетаа заедно, а модните критичари едвај дочекаа да го искоментираат нивниот изглед.

Бриџит внимателно го избра фустанот за оваа средба. Јаката црвена боја одлично прилегаше на нејзиниот темен тен, а со овој ефектен фустан избра салонки со ременчиња во црна и кафена боја.

Меланија пак избра да биде класична, во едноставен фустан во бела боја, и после долго време ја видовме во балетанки наместо во нејзините омилените лобутинки.