(ФОТО) МОДЕН ДУЕЛ КОЈ ДОЛГО СЕ ЧЕКАШЕ: Меланија Трамп ја угости шпанската кралица

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп биле домаќини на кралот Филип VI и кралицата Летиција од Шпанија кои моментално се наоѓаат на американска турнеја.


Кралскиот пар допатувал во САД на шест дена како би прославиле 300 години пријателство помеѓу двете држави, а посетата ќе ја завршат со прослава во Белата куќа.


Пред да го почнат дружењето во Црвената соба, паровите посетата ја забележаа со фотографирање во дворот, а дождот кој постојано врнеше во Вашингтон не им сметаше.

Меланија Трамп за оваа прилика избрала маслинесто зелен фустан со бели детали во средна должина, додека кралицата Летиција се одлучила за пинк фустан без ракави со потпис на Мајкл Корс, а двете дами беа во салонки кои се нивен заштитен знак.