(ФОТО) Моден двобој: Аријана Гранде на Греми награди ја ископира креацијата на Јелена Карлеуша
Балканската фолк ѕвезда Јелена Карлеуша се најде повторно во фокусот на вниманието.
Имено овојпат, ја обвини светската ѕвезда Аријана Гранде дека ја ископирала нејзината креација од октомври минатата година, за овогодинешните Греми награди.
Станува збор за навистина слични креации. Имено онаа на Јелена е пресонализирана креација со потпис на Амина Хасанбеговиќ, додека на Аријана со потпис на Giambattista Valli.
Карлеуша ја прозва Гранде на Инстаграм.
- Здраво Аријана Гранде. Во ред е да имаш ист фустан, НО ако фустанот е персонализирана креација, тогаш.. Разбирам дека фустанот на Аријана е од G. Valli, но тоа е уште посмешно.
Не е во ред, не заради мене, туку заради Амина Хасанбеговиќ која го направи оригиналниот фустан- стои во објавата на контроверзната пејачка.