(ФОТО) МОДЕН ДВОБОЈ КОЈ ГО ЧЕКАВМЕ ДОЛГО: Меланија Трамп и Брижит Макрон со лекции за стил

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга стигнаа вчера во тридневна посета на САД, а како и обично со големо внимание се следеа модните стајлинзи на Меланија Трамп и Биржит Макрон кои многумина со право ги сметаат за најдобро облечени први дами.

Емануел Макрон е првиот странски лидер кој Трамп го прима во државна посета, а во воздушната база Ендрјус близу Вашингтон францускиот претседател и првата дама, го дочекал францускиот пратеник Жерард Арауд и американскиот шеф на протокол, а во Белата куќа ги дочекаа Доналд и Меланија Трамп.


Како и секогаш со голем интерес се следеше и што ќе облечат двете модни икони: отмената Французинка Брижит Макрон (65) позната по своите беспрекорни модни комбинации и елегантната Меланија (47) која со својот женствен стил редовно предизвикува воодушевување во модниот свет.


Брижит Макрон изгледала без грешка во уште една ненадминлива комбинација одлучувајќи се за интересен капут во нежно жолта боја украсен со интересни детали: црна панделка од својот омилен бренд Луј Витон. Овој младешки стајлинг дополнително го нагласила со модерна чанта и стилето чевли.

Меланија пак заблеска во заводлива црна креација: капут од модната куќа на Живанши под кој носела мини фустан од Долче и Габана, а овој тренди стајлинг го збогатила со вртоглави чевли на Кристијан Лоубоутин и мала црна чанта од Кристијан Диор.

-После повеќе месечни подготовки, нестрпливо ги чекаме француските гости на наша прва државничка вечера-напиша Меланија Трамп на Твитер во пресрет на доаѓањето на Макрон и Брижит во Сад.


И двете први дами, заслужено го носат епитетот на модни икони, а со овие модни комбинации уште еднаш го докажаа тоа.