(ФОТО) Моден трик: Џенифер Лопез во панталони кои кријат килограми

Добивај вести на Viber

Кој би рекол ...

Пејачка која го прифати своето тело, со сите облини, од самиот почеток на нејзината кариера, е Џенифер Лопез. Нејзиниот стил на облекување се разликуваше од година во година, но она што е постојано е дека секогаш избираше парчиња што одговараат на нејзината фигура.

Така и овој пат. Џенифер беше „уловена“ како излегува од ресторан, а нејзиниот стајлинг, многумина го карактеризираа како полн погодок. Покрај „склопувањето на боите“, пејачката носеше панталони кои дополнително и ги издолжуваат нозете, но исто така, на вистински начин, и ги истакнуваат половината и задникот.


Панталони што паѓаат право со широки ногавици, и се со висок струк, веднаш покриваат пет килограми, особено ако се комбинираат со високи потпетици.


Џенифер научила уште еден трик низ годините, а тоа се однесува на нејзината коса. Дури и кога немате многу време да се средите, коњско опавче со половина коса секогаш може да изгледа елегантно, како што може да се види од приложеното.



Фото:Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Апсолутен хит: Џеј Ло со фризура со шишки која мора да ја направите оваа есен