(ФОТО) Модна комбинација од 6000 денари: Тамара Тодевска во здолниште и дуксер што мора да ги имате

Тамара Тодевска викендов беше во Мадрид, Шпанија од каде ја започна својата европска турнеја.

Пејачката за настапот изгледаше одлично, а за тоа беше заслужен стилистот Алмир Мили, и брендовите на „Фешн Груп Македонија“.


Миди здолниште од Манго кое чини 1743 денари и дуксер со реси од Левис кој чини 4232 денари, направија црната комбинација на Тодевска да биде одличен моден есенски избор.