(ФОТО) Мора да ги имате: Носете баретки како Марјана Станојковска

Добивај вести на Viber

Со самото започнување на есента, секоја жена со радост го прифати модниот факт дека баретката е повторно хит. Овој моден детаљ кој е „must have“ за посета на француските улици и без кој не смеете да го посетите Париз, сега е вистинско парче кое мора да го носите насекаде.

Популарните француски капи, односно прочуените беретки, потсетуваат на француските диви, но и на многу славни уметници, писатели , сликари. Улиците на модните метрополи веќе се преплавени со овој тренд, а очигледно е дека и водителката Марјана Станојковска го следи и го сака овој факт.

Таа со своите есенски модни комбинации комбинира класични волнени беретки. 

Црна и црвена боја- како безвременска класика на францускиот симбол за дамски изглед- беретката. Овој моден додаток едноставно мора да се најде во вашиот гардеробер!