(ФОТО) MUST HAVE: Топол и неодолив капут што ќе се носи и во 2019-та
Хаштагот со збор „Teddy“ станува неизоставен на постовите на трендсетерките ширум светот. Под оваа ознака или опис, се крие капут кој се наоѓа меѓу најпопуларните парчиња облека оваа есен и зима, што потврдува и Инстаграм кој е затрупан со фотографии на модни подароци во меки, текстурирани капути со изглед на ќебенце.
И навистина , овие „мечиња“ капути греат како ќебенца, удобни се и можат да се комбинираат со безброј стајлинзи.
Модните гуруа ги препорачуваат да ги облечете во стилот на 1970-тите, со убав фустан на миди должина, панталони со широки ногавици и кратки чизми. Не двоумете се околу спојување на неспојливото ни кога се работи за текстури „teddy“ капути кои изненадно одлично одат со кадифе.
Ова е „must have“ зимско парче, кое го носат сите љубители на модата.