(ФОТО) На 56 години доби доживотна награда за најдобар чичко: Игор Џамбазов слави роденден

Денеска познатиот актер, пејач, писател и шоумен Игор Џамбазов полни 56 години. 

Честитките на негова адреса се многубројни, а тој со една се пофали и на својот профил на Инстаграм. Имено неговата внука, Марија Прличкова му додели доживотна награда  за „Најдобар чичко на светот“.

- Ми недостасуваат многу работи. Луѓето кои ми значеа повеќе од се, а веќе ги нема, ми недостасуваат летувањата во „Градиште“, зимувањата во Маврово, ми недостасува бифето на Драмскиот театар од неговите најсјајни денови, ми недостасуваат сите жени заради кои не сум можел со години да ги тргнам пепрутките во стомакот кои се разлетуваа секогаш кога ќе ги видев. Ми недостасува мојот град кој за жал повеќе го нема- изјави Игор во претходно интервју за Женски Магазин.