Животна училница // Приказни
(ФОТО) На баба и на дедо сонце: Росана објави слика од внукот
- 09 Јуни, 2019
Пејачката Росана Сариќ- Тодоровска објави фортографија од внукот Ноа, кој следниот месец ќе го прослави првиот роденден.
„На баба и на дедо, сонце наше, наша душа мила. Крофна наша, денес полни 11 месеци“, напиша Росана за внукот од ќерката Ивана и од зетот Џејмс кој е англичанец.
„ Внук ми Ноа е злато мало. По потреба одам да го чувам, но тоа не е многу често со оглед на тоа дека работам. Младите сериозно си ја сфатија работата на родителството и двајцата заедно се навистина предобри и совесни родители“, изјави Росана претходно за Женски магазин.
„ Се чувствувам прекрасно. Измешани чувства. Бог ми ја одзеде душата моја, брат ми, но ми донесе нова душичка. Си плачам“, ни рече Росана минатата година, по раѓањето на внукот.