Пејчката Наде Талевска која е сопран во Македонската опера и балет објави нова фотографија на која ретко кој би ја препознал. Наде значително ја намали сојата тежина и изгледа одлично, што беше видливо и на неколкуте нејзини настапи во МОБ.
Наде е мајка на три син: Максим, Михаил и Матео и често вели дека своите обврски околи децата и работата успешно ги извршува со помош на сопругот Ненад, со кој неодамна прослави шест години брак.
Наде значително ја намали тежината
„Земајќи во предвид дека сум мајка на три мали момчиња, можете да замислите како врват моите денови. Се разбира, во последно време многу се концентрирам и на мојата кариера, па во текот на денот наоѓам време да посветам и на тоа“, изјави Наде за Женски магазин.