(ФОТО) Најголема трансформација досега: Моника Белучи конечно ја скрати косата

Добивај вести на Viber

Уште кога првпат се најде пред објективот како 20-годишна студентка на факултетот за правни науки, а подоцна и на малите екрани, Моника Белучи негуваше бјути-имиџ кој подразбира долга коса.

Една од најпознатите италијански актерки имаше речиси иста должина на косата дури повеќе од три децении, иако постојано експериментираше со бојата и со шишките.

Новиот имиџ, Белучи првптат го претстави во јавноста на последната ревија на Долче и Габана во Милано.