(ФОТО) Најубав подарок за роденден: Џенифер Анистон ќе стане мајка

Добивај вести на Viber

Се наближува 50-тиот роденден на познатата актерка Џенифер Анистон.

Најновата гласина што се рашири со неверојатна брзина е дека Анистон одлучи да стане мајка и да посвои 13-годишно девојче од сиропиталиштето во Мексико.

По не толку брзо закрепнување од релативно неодамнешниот развод, медиумите објавија дека Џенифер е подготвена за следниот чекор во животот и сака да биде мајка на 50 години.

Исто така се шпекулира дека во тоа и помага поранешниот сопруг Бред Пит, кој веќе има искуство од бракот со Анџелина Џоли.

Исто така се тврди дека Џенифер на оваа тема доста дискутирала со колешката Сандра Булок која исто така посвои дете.