(ФОТО) Најубави идеи за венчаници кои ги предлагаат топ дизајнерите во овој момент

Добивај вести на Viber

Доколку се подготвувате гласно да изговорите судбоносното „ДА“ а уште не ја пронајдовте венчаницата од соништата, во продолжение погледнете кои трендови ги предложуваат реномираните дизајнери.

Долги ракави


Луксузните брендови како Zuhair Murad, Reem Acra и Marchesa инсистираат на венчаници „принцеза“ стил со масивни сукњи, нагласен корсет како и задолжителни долги ракави. И понатаму број еден во брајд светот е венчаницата која ја носеше Кејт Мидлтон, само што сега, секако , дизајнерите ја модифицирале оваа верзија.

За сите прилики


Една од можностите кои ги имате пред себе се венчаници кои можете да ги носите и во некои други прилики. Дизајнерката Lela Rose е во предност кај таквите креации, создавајќи елегантни фустани, но и носливи во други свечени прилики.

Комбинезон


Доколку и припаѓате на онаа група невести кои не сакаат да носат ниту сукњи, ниту фустани и немаат намера да направат исклучок ниту на денот кога ќе стапнат на лудиот камен, постои решение во вид на изразено елегантни комбинезони, како и панталони. И секако голема панделка, задолжително, што предлагаат Viktor & Rolf.

Бои


Иако првиот синоним за венчаницата е бела боја, Vera Wang и Jenny Packham не воведуваат во општ експеримент! Внимание, ваквите избори се само за храбри и љубители на боите-виолетова, црвени, и зелени.

Нешто ново, нешто старо


Мал микс на витаж и модерна култура може да се изведе во секој сегмент на WOW ефект. Доколку изберете фустан кој по кројот потсетува на пример на ерата на стар Холивуд, слободно дополнете ја со современи аксесоари . Дизајнерот  Tadashi Shoji спојува класични кроеви со транспарентни материјали и маестрално го изведува ова барање-задача: ретро + современо.

Минимализам


Проверен рецепт се сигурно сведени форми, јасни линии и што поедноставен изглед. Romona Keveza предлага и вел кој апсолутно доминира, но и кој е едноставен и сведен.

Класика


Секако, секоја модна куќа предложила барем една класична варијанта која подразбира горен дел во вид на топ, долен дел го сочинува раскош, масивна сукња.