Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Најубавите летни фустани на Кејт Мидлтон: Војвотката едноставно ги обожава
Војвотката од Кембриџ е позната по своето автентично кралско држење, но и облекување кое ѝ прилега како член на кралското семејство, но е и во согласност со нејзиниот личен печат кој го додава во својот стил.
Нејзините стајлинзи се меѓу најоценуваните и најкоментираните од страна на модните критичари, но и од јаввноста. Многу повеќе од било кој друг член на кралската фамилија во Европа, но и пошироко.
Било да е лето или зима- Кејт Мидлтон тешко дека ќе ја видите во панталони или костим. Тоа едноставно не е „нејзината шолја чај“.
Дефинитивно нејзино омилено модно парче се фустаните.
За вас издвоивме неколку летни комбинации на британската војовотка, кои привлекоа најмногу позитивни коментари, а можат да ви послужат како летна инспирација.