(ФОТО) Не дишев од лошо: Миа Костова со емотивна објава за саканиот

Водителката на „Бекстејџ“ Миа Костова со емотивна објава на Инстаграм, на својот партнер му раскажа колку е среќна со него. Миа објaви фотографија во костим за капење, како одмара во еден грчки хотел.

„Ми се случи љубов, кога реков дека не сакам да мислам на тоа повеќе. Ми се случи хаос од чувства, кога реков дека сѐ изгасив. Ми се случи да не се завртам позади, кога реков дека се заглавив комплетно. Ми се случи немање воздух од убаво, кога не дишев од лошо. Дека ти ми се случи. И од кај баш ти“?, напиша Миа.

На почетокот од врската, таа објавуваше фотографии со саканиот, но сега реши да си ја сочува приватноста.