(ФОТО) Не е сè толку гламурозно: Инстаграм профил открива како навистина се облекуваат Французинките
Фото насловна: Profimedia
Фотографиите кои обично ни доаѓаат од улиците во Париз за време на Париската модна недела, секогаш се многу гламурозни, со висока мода.
Модните аутфити во градот на светлината во тие денови обично е планирана гардероба за едномесечен маратон, а во Париз особено се обидуваат да ги импресионираат фотографите и публиката со скапи и импресивни модни изданија.
Парижанки во Париз
Но, како изгледаат улиците на Париз во остатокот од годината? И, како навистина се облекуваат парижанките?
За стилот на Французинките, особено жените во Париз се пишува многу, во обид да се демистифицира што ги прави нивната мода и начин на облекување толку посебни. Увид во тоа одблизу ни овозможува еден генијален профил на Инстаграм што не престанавме да го следиме откако го откривме. Се вика „Parisiens in Paris“ и ги документира секојдневните модни изданија на парижанките. Тие можат, но и не мора да работат во модната индустрија, тие се жени од различни возрасти и со различни стилови, но она што дефинитивно ги обединува е стилот и фактот дека фотографиите од нивните комбинации се фаќаат спонтано, во еден момент, и така совршено го покажуваат оној „sais quoi“ стил, тој секогаш зборува кога станува збор за Французинките. Едноставно и кул, едноставно и ефикасно.
Сите овие комбинации ни даваат допир со вистинска инспирација за уличен стил за 2021 година!
Фото: Инстгарам/Parisiens in Paris
Погледнете ја галеријата: