(ФОТО) Не можам да заспијам: Лоба пристигна во Мајами

Викторија Лоба на својот Инстаграм профил објави фотографии од Мајами, каде што е на одмор. Пејачката искрено раскажа дека не може да се навикне на промената на временската зона и има проблем со спиењето.

„ Дали некогаш сте се запрашале што е вистински jet lag? Можам да кажам дека вчера и завчера го искусив во потполност, а дополнително со себе си ја понесов настинката од дома. Ми се спиеше постојано, состојба матна како во полусон и кога ќе стигнам до соба не можам да заспијам. Максимум што можам да спијам е до 6 наутро (11 претпладне по наше време). Ги прочитав сите статии за тоа како да го победиш jet lag-от и единствен спас најдов во апликацијата Timeshifter која те подготвува неколку дена претходно за твоето патување. Ќе ја испробам на враќање дали функционира, а сега пак ќе си поспијам“, напиша Лоба до фотографијата во бикини.