(ФОТО) Не сум утрински човек: Тамара отпатува за Израел
Тамара Тодевска утрово отпатува за Израел, во рамките на нејзините промотивни евровизиски активности.
„ Шалом Израел. Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша пејачката под фотографијата која ја објави од скопскиот Аеродром.
Тамара, со песната „Proud“ ќе ја претставува Македонија на „Евросонг“ во Тел Авив на второто полуфинале на 16 мај.
„ Proud е песна што ме опишува баш таква каква што сум сега – помудра, поискусна и посамоуверена – жена што знае што сака и не се плаши тоа да го каже. Искрено, помина времето кога се фокусирав на тоа што ќе го кажат луѓето за мене или за мојата работа. Научив да не се врзвувам ниту за позитивните ниту за негативните коментари. Јас сум стопроцентно сигурна во мојата песна и мојот тим и знам дека ќе го дадеме максимумот и ќе ја преставиме нашата земја во најдобро можно светло“, изјави Тамара во интервју за Женски магазин.