(ФОТО) Нина Бадриќ без долна облека во интересно машко друштво

Пејачката Нина Бадриќ пред неколку дена го прослави својот 47. роденден на нејзиното омилено место, островот Хвар. По роденденската забава, таа остана на хрватскиот остров на одмор кој го помина во друштво на пријатели. Меѓу пријателите, беше и познатиот хрватски актер со американска адреса, Горан Вишњиќ, пишува tportal.hr. 

Под фотографијата со Вишњиќ, фановите коментираа дека Нина изгледа одлично без градник 

Пејачката на својот Инстаграм профил објави слики од одморот кој го поминува во хотелот каде што го снимаше спотот за новиот сингл „Волим те, волим“. До сликата со Вишњиќ, Бадриќ напиша стихови од песна на Мишо Ковач, а под фотографијата коментираше актерот Славко Собин, кој ja има главната машка улога во романтичниот спот. „Колку лесно ме смени“, напиша Собин.

Во новиот спот снимен на Хвар, Нина Бадриќ е со актерот Славко Собин 

Фановите на Бадриќ според коментарите беа воодушевени од нејзиното друштво, но некои забележаа дека пејачката под црвениот фустан не носи долна облека.

„Тој црвен фустан без градник ти е врв“. „Сепак, мажите побрзо стареат, а Нина е сѐ помлада“. „Колку си секси Нина“, пишуваат фановите на пејачката.

Пред неколку дена, во роденденското интревју за српски „Блиц“, таа раскажа што мисли за стареењето.

„Стравот од стареење е нормален и природен, но исто така сосема непотребен, затоа што еден ден сите ние ќе го дочекаме. Се плашам од немоќ, а не од старост“, изјави Нина Бадриќ.