(ФОТО) Обожавател се истетовира поради Нина Бадриќ
Стиховите „Некој тоа горе гледа сѐ“ на поп-пејачката Нина Бадриќ се најдоа на раката на еден нејзин голем фан.
Бадриќ, која неодамна одржа успешен концерт во Сплит, на својот Инстаграм профил објави фотографија од концертот на кој нејзиниот обожавател ги истетовирал стиховите на раката. Стиховите се од песната „Небо“, со која таа ја претставуваше Хрватска на „Евросонг“ во Баку, Азербејџан во 2012 година.
Концертот во Сплит се одржа по повод Осми март, а Нина го започна со посвета на Оливер Драгојевиќ. Неодамна, таа за хрватските медиуми откри детали од приватниот живот.
„Никогаш прва не сум му пришла на маж. И да ми се допаднел некој маж, сум чекала тој прв да ми се додворува. Да ме освоеше некој, со него и ќе останев. Затоа можеби не сум останала со иту еден“, открила Бадриќ за хрватското издание на „Стори“. Во октомври лани, таа ја прекина врската со бизнисменот Тино Брело.
„Може пристојно да се живее и без детали од својот живот да фотографираш, од својата спална соба до своите интимни моменти. Јас, едноставно таква личност не сум, но фала богу има многу такви кои се, па материјали има колку што сакаат. Никој од моите пријатели не ја знае жената на Дино Мерлин, или Џибони или на Здравко Чолиќ. Тие се пример дека една јавна личност може да биде пристојна и да живее само од својата музика“, изјави Бардиќ лани во интервју за Женски магазин.