(ФОТО) Од психијатрија директно во прегратките на младото момче: Бритни Спирс изгледа неверојатно

Ако им верувате на сликите објавени по социјалните мрежи, пејачката Бритни Спирс ужива во љубовта и тоа очигледно со доста помладото од неа момче.

Откако ја напушти психијатарската установа, пејачката венаш се впушти во љубовта со нејзиното исклучително згодно момче, 25 годишниот Сем Асгари. Двајцата уживаат на луксузна јахта на која, судејќи по се’, дефинитивно се пресреќни еден со друг.

Бритни носеше дводелен жолто-црн бикини костум, кој и ги истакна сите облини и ѝ ја истакна нејзината фигура, иако папараците сакаат да ја прикажат поголема, додавајќи и уште плус 20 килограми.

Таа го демантираше тоа, објавувајќи кратко видео на Инстаграм на кое покажа како таа навистина изгледа. 

Се потсетуваме дека пејачката неодамна излезе од психијатрија и максимално се посвети на своето опоравување, здрав живот и вежбање. Ако судиме по овие фотографии, Бритни Спирс се чувствува одлично, а во тоа сигурно има удел и младиот Сем.