(ФОТО) Одлично лежерно издание на првата дама на САД: Меланија во фустан кој е моден хит сезонава

Добивај вести на Viber

Не сме навикнати да ја гледаме во вакви изданија


Се чини дека првата дама на Америка полека се откажува од гламурозните аутфити, така што можеме да ја видиме сè почесто во рамни чевли и кежуал фустани.

Минатиот викенд првата дама на Америка имаше полни раце работа. Таа и нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги посетија пожарникарите, медицинскиот персонал и полицијата за да помогнат со маски, раквици и средства за дезинфекција.


За оваа пригода, таа го одбра моментално водечки модел на фустан. Крој што наликува на кошула и што ги освои срцата на сите дами за многу кратко време.


Овој модел на фустан е број еден во моментот затоа што ги покрива сите недостатоци, особено оние на колковите, но и успешно ги крие вишокот килограми на бутовите и ќе ја направи секоја фигура во форма на песочен часовник.


Во согласност со прекрасното време, Меланија носеше фустан во светло сина боја и бели балетанки кои се совршена летна комбинација.


Иако стајлингот не е толку гламурозен како што сме навикнати, сигурно заслужува висок рејтинг.

Дали ви се допаѓа?


Фото: profimedia

5 комбинации кои ќе ги копираме месецов: Летен стил по Меланија Трамп