(ФОТО) Оваа вечер ми е најбитна: Тамара ни раскажа што ќе ѝ донесе среќа на „Евросонг“
Тамара Тодевска со нетрпение го очекува утрешниот ден, и многу е возбудена пред настапот на втората полуфинална вечер на „Евросонг“ во Тел Авив со песната „Proud“. Од Израел, таа ни испрати порака во која раскажа што е најважно за неа пред полуфиналето, што ја прави среќна и што ја полни со енергија.
Тамара со нејзиниот стилист и пријател, Арменд Рамадани во Израел
„Во секој случај сум превозбудена. Еве, само што се вратив од плажа, бев малку да соберам убава енергија. Многу сум среќна дека вчера ми дојдоа доста луѓе од Скопје, меѓу нив и моите најблиски другарки, онака, ми се наполни душата. Многу ми е жал што Тијана не е тука. Убава енергија имаме сите, презадоволни сме од сѐ и опуштени сме, тоа е најбитно. Вечерва е многу битна таа генерална проба, за жирито кое што денеска ќе гласа, а тоа се 50 проценти од гласовите. Како и да е, среќна сум многу. Бев во ерусалим вчера, собрав среќа од таму“, ни изјави Тамара која утре ќе пее 17. по ред.
Како навивачка поддршка, во Тел Авив заминаа неколку нејзини најблиски другарки, меѓу кои и македонскиот модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска.
Тамара на ѕидот на плачот во Ерусалим
Магазинот „Билборд“, објасни зошто Тамара би можела на победи на„Евросонг“.
„Тоа славење на жената во времето на женското движење #MeeToo би требало да ја поврзе со многу гласачи, како и со професионалното жири“, вели магазинот.
Околу 100 врвни актерки и женски режисери минатата година во мај, одржаа протест на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан за да го поддржат движењето #MeToo против сексуалното вознемирување.
М.Џаровска