(ФОТО) Овие 12 модни парчиња се џабе фрлени пари: Во нив ќе изгледате смешно!
Модерни, но целосно непрактични
Модата ни носи изненадувања секоја година,
дизајнерите секоја сезона доаѓаат со нови идеи, комбинирајќи го она што порано било
некомпатибилно. Така, голем број на целосно непрактични парчиња што можете да
ги носите само во ретки прилики на крајот пристигнуваат на полиците во
продавниците.
Препорачуваме да не ги купувате следниве парчиња -
тие се џабе потрошеи пари!
1. Микро
чанти
Иако тие се неодоливи, тие се целосно непрактични затоа што некои се толку мали што дури и не можете да ставите огледалце во нив. Најлошо од сè, овие минијатурни неупотребливи чанти чинат исто колку и кожените чанти, поради што оваа инвестиција воопшто не е профитабилна.
2. Долна
облека која е само за предигра
Иако повеќето луѓе имаат лошо мислење за ова, тангите и другите видови на долна облека што се гледат над пантолоните се повторно честа појава на модните писти. Љубителите на трендот се обидуваат да ја копираат оваа мода, но тоа не е доволно - долната облека што се гледа над панталоните не само што е непрактична и дискутабилна, туку навистина не е нешто што сакаме да го гледаме секој ден.
3. Чевли со
долг шпицест врв
Одењето во чевли како овие е вистинска тортура и нема тренд кој вреди за толку многу мачење.
4. Облека
со големи раменици
Потребно е многу напор, вештина и услови да не изгледате како подвижен гардеробер кога се облекувате во ова.
5. Латекс
или кожени хеланки
Ова парче ја истакнува скоро секоја педа од телото и ги прави дури и најмалите недостатоци да се истакнат. За да изгледате убаво во хеланки вака, потребен ви е цел тим асистенти и многу додатоци.
6. Пончо
Иако на пистите изгледа интересно и убаво, дури и најпознатите стилисти не се сигурни со што точно треба да носите пончо. Всушност, ова парче не е ништо друго освен карирано платно со процеп за главата, што и дава на женската фигура дополнителен волумен.
7. Многу
високи кожени чизми
Овој модел на обувки изгледа одлично само на модната писта. Во реалниот живот, чизмите како овие даваат само непотребна вулгарност на вашиот изглед. Покрај тоа, жените со просечна висина или краток раст, никогаш не треба да ги носат, бидејќи тие целосно го менуваат изгледот на нивните пропорции.
8. Предимензионирана
облека
Благодарение на удобноста и практичноста, огромните парчиња облека станаа број 1 во гардеробите на многу жени. Но, тие изгледаат добро само на слаби дами, додека жените со просечна тежина во нив ќе изгледаат како нивното тело да нема форма.
9. Спортски
трендови
Откако патиките почнаа да се носат со сите можни комбинации, во игра влегоа и други спортски парчиња, како што се тесни шорцеви за велосипедисти и тесни топови за вежбање. Иако моделите на пистите ги носат добро со потпетици и елегантни торби, во секојдневниот живот овие комбинации се под големо прашање.
10. Папучи
со крзно
Тие се одлични за во домот, можеби и за пистата, но не и за надвор. Пред се, тие брзо се валкаат, а по миењето на крзното веќе не изгледаат привлечно.
11. Панталони палако
Изгледаат навистина импресивни, но овие пантолони не се за секојдневниот градски живот. Бидејќи тие се широки и доволно долги за целосно да ги покријат чевлите, овие панталони секогаш ќе бидат валкани.
12. Чорапи
на сандали
Не знаеме како тие успеваат да изгледаат добро на пистата, но во секојдневниот живот ќе изгледате смешно и нема да можете да чекорите правилно, затоа што нозете постојано ќе ви се лизгаат од чевлите.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Ирина Шајк ги диктира трендовите: Оваа јакна ќе биде апсолутен есенски хит