(ФОТО) Овие наочари се хит за претстојното лето

Добивај вести на Viber

Летото е на прагот, а сите модни куќи сега ги претставуваат своите предлози за првите сончеви денови. Ова е модел за кој модните експерти велат дека ќе биде апсолутен хит.

Креативниот директор на модната куќа  "Calvin Klein" Раф Симонс ја претстави својата прва линија наочари за сонце Calvin Klein 205V39NYC во соработка со "Marchon Eyewear". 


Линијата вклучува машки и женски модени, а главен адут се - жар портокаловите стакла, за кои не се сомневаме дека ова лето ќе ги засенат зеленкастите и браонкасти нијанси и ќе се наметнат како еден од главните трендови кога се работи за наочарите за сонце.

Поточно , Симсоновата формула е: портокалови стакла, ментална конструкција и малку сајбер панк-прва колекција на  Calvin Klein 205V39NYC наочари за сонце има јасни футуристички акценти.