(ФОТО) ПАНТАЛОНИ СО ПРУГИ: Најголем тренд оваа пролетна сезона

Добивај вести на Viber

Дизајнерите се обидуваат да не убедат дека „мама“ фармерките или сивите карирани панталони се задолжителни оваа пролет. Во тренд се модели со висок струк, килоти, palazzo панталони, кроп модели и неодоливи со пруги.

На ревијата на модната куќа Валентино најпопуларен модел беа панталони во црна боја со бела и зелена трака. Исто така посакувани модели се со црвени спортски пруги. Панталоните со пруги многу брзо од модната сцена се преселија во продажните објекти на high street брендови.

Оливија Палермо исто така допринесе на нивната популарност. Познатата блогерка панталоните со пруги ги комбинира со бела кошула, елече и мокасини. Овој модел панталони е во тренд неколку сезони. Во тренд се поточно од 2016-та и до денес служат како идеален пример на кобинација на елеганција со спортска естетика.

Bershka

Mango

Reserved

Stradivarius

Zara